Светска одбојкарска шампионка ја носи плажата во нејзиниот двор! (ВИДЕО)

фото: твитер

Американката Рос и во својот двор на највисоко ниво ги покажува нејзините одбојкарски квалитети.

Светската шампионка и освојувачка на медали во одбојка на плажа, Ејприл Рос најде начин како да го помине времето во домашна изолација.

Во овие тешки времиња луѓето се во своите домови, играчите, спортистите во карантин со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

Американката Рос и во својот двор на највисоко ниво ги покажува нејзините одбојкарски квалитети.

Таа е инаку освојувач на сребрениот медал на Летните олимписки игри во 2012 година во Лондон заедно со Џенифер Кеси, додека четири години подоцна во Рио де Жанеиро со Кери Волш Џенингс се закити со бронзата. А во 2009 година го освои и првото место на Светското првенство во Норвешка.

Многу предизвици објавуваат спортистите, досега најголем хит на социјалните мрежи е жонглирањето со тоалетната хартија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот