Меси го прифати предизвикот на Чави, жонглирање со тоалетна хартија! (ВИДЕО)

фото: marca.com/en

Голем број на фудбалери, спортисти го прифаќаат предизвикот „Тоалет-манија“ и ги покажуваат своите вештини, а меѓу нив и ѕвездата на Барселона.

Фудбалот во Шпанија е прекинат поради епидемијата на коронавирусот, нема тренинзи и моментно играчите се во изолација.

Голем број на фудбалери, спортисти го прифаќаат предизвикот „Тоалет-манија“ и ги покажуваат своите вештини со жонглирање на тоалетна хартија.

Во продолжение погледнете како тоа го прави најдобриот фудбалер на светот и член на Барселона, Лионел Меси. Аргентинецот го прифати предизвикот на Чави, а ги номинираше Артуро Видал, Жорди Алба, Луис Суарез и Кун Агуеро.

Меси до прекинот на сезоната во „Ла Лига“, за каталонскиот гигант имаше 22 одиграни натпревари и 19 голови што го направи најдобар стрелец во шампионатот.

Неговиот клуб се подготвува за финансиското влијание од кризата со коронавирусот. Според новиот извештај, вкупната загуба на клубот во овој период ќе изнесува 60 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот