Судир кој се заканува да го подели тенисот: Новак против Рафа и Рожер

foto: EPA/EFE

Во едниот табор се наоѓаат Новак Ѓоковиќ, Милош Раонич и Диего Шварцман, додека на спротивната страна се Рожер Федерер, Рафаел Надал и Енди Мареј.

Токму вака шпанската „Марка“ го започнува текстот во кој пишува за судирот кој може да го подели тенисот и кој наликува на тениска „граѓанска војна“.
Пандемијата на коронавирусот ги извади на виделина вистинските состојби во машкиот тенис и ја покажа реалната слика, а таа е дека работите воопшто не стојат добро. Згора на тоа пандемијата ја намали заработката на тенисерите до 40 проценти и со тоа дополнително ја зголеми нервозата. Исто така тука е и АТП кој новоформираната од Ѓоковиќ и Васек Поспишил, Унија на професионални тенисери (ПТПА) ја гледа како узурпатор, а не како тело кое треба да помогне тенисерите да добијат поголеми права, јасно е дека ситуацијата е повеќе од тензична, пренесува Нова С.

Поради тоа, многу работи се очекува да бидат разрешени од 11. април кога започнува Мастерсот во Монте Карло и каде играчите се очекува да се огласат и да најават промени.
Односите помеѓу АТП и ПТПА дополнително се влошија откако Поспишил направи скандал на Мастерсот во Мајами кога намерно губеше поени и се закани дека ќе го тужи АТП. Потоа излезе информација дека нервозата на Поспишил е резултат на состанокот помеѓу АТП и ПТПА кој бил претходниот ден и на кој очигледно е дека е вршен притисок врз Поспишил.

Андреа Гауденци (претседател на АТП) ми се дереше час и половина на состанокот бидејќи се обидов да ги обединам играчите“, откри Поспишил кој потоа на теренот јавно се закани.
Доколку сакате да ме исфрлите, со задоволство ќе ве тужам“.

Ѓоковиќ кој одлучи да не настапи на Мастерсот во Мајами му даде поддршка на својот колега, но „Марка“ пишува дека од друга страна Рафаел Надал и Рожер Федерер молчеа и не зазедоа никаква страна.

Ѓоковиќ и останатите тенисери му дадоа поддршка на својот колега кој влезе во „војна на зборови“ со првиот човек на АТП

Надал и Федерер постојано зборуваат дека работат во интерес на тенисерите, но во време на пандемијата на коронавирусот, тие воопшто не се огласија за ниту една работа. Не се бореа за зголемување на наградите за тенисерите и тенисерките кои ќе испаднат во воведните кола на Австралија Опен, иако Надал тогаш изјави дека „ тие работат и не зборуваат за тоа“.
За разлика од нив, Ѓоковиќ застана во одбрана на послаборангираните тенисери, јавно зборуваше дека треба да се зголемат наградите за тие што ќе испаднат во воведните кола, и тоа на сметка на играчите кои ќе играат во самата завршница. Исто така се залагаше тенисерите и тенисерките кои беа во строг карантин да добијат некаква помош и олеснување во смисол на тренинзи и ограничено движење во 14-дневниот престој во хотелите.
Исто така ПТПА се обидува да се избори за поголеми награди на тенисерите за играчите кои не се во топ100 на АТП ранг листата да можат да живеат само од тенисот и да не бидат принудени да работат уште некоја работа. Во моментиве на социјалните мрежи се шири движењето „#playervoice“ и додека бројот на незадоволните е се поголем, Рожер Федерер повикува на единство, додека Надал тврди дека АТП направил доволно за да им помогне.
Пониско рангираните тенисери ги обвинуваат токму Надал и Федерер кои се дел од советот на АТП, дека не ги интересираат интересите на сите играчи, туку се грижат само за сопствените потреби и поради тоа молчат.
Но, „Марка“ пишува дека кристално јасно е дека судирот помеѓу Ѓоковиќ од едната и Федерер и Надал од другата страна станува се повидлив за јавноста исто како и судирот помеѓу АТП и ПТПА.

АТП минатата година кога поголем дел од тенисерите бараат Ѓоковиќ повторно да биде дел од советот на тенисерите на АТП, донесе правило со кое на играчуте кои се членови на ПТПА  да не можат да бидат дел од нивниот совет.
Првата рунда од директниот судир меѓу Ѓоковиќ и Надал и Федерер ќе биде на МАстерсот во Монте Карло,  а влогот е поголеми права и парични награди за послаборангираните тенисери на сметка на подоброрангираните и на АТП. Од дриуга страна, новинарите кои ги следат тениските случувања сметаат дека АТП ќе се бори до последен момент за да го сочува поголемиот дел од финансискиот колач за себе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот