Мариус Борг Хојби норвешки принц EPA-EFE/LISE ASERUD NORWAY OUT

Судење на деценијата во Норвешка, синот на принцезата се соочува со седум години затвор

Норвешкото обвинителство побара казна од седум години и седум месеци затвор за Мариус Борг Хојби, син на престолонаследничката Мете-Марит, кому му се суди за сериозни кривични дела, вклучително и силување и насилно однесување кон поранешни партнерки.

Хојби (29), роден пред бракот на неговата мајка со престолонаследникот Хокон, се соочува со вкупно 40 точки од обвинението, за кои е предвидена максимална казна до 16 години затвор.

Тој признава вина за дел од кривичните дела, но ги негира најтешките обвинувања, меѓу кои и наводните силувања на четири жени.

„Силувањето може да остави трајни последици и да уништи животи“, изјави обвинителот Стурла Хенриксбе во текот на судењето во Осло.

„Тоа е товар што жртвата може да го носи целиот живот“, додаде тој.

Иако формално не е член на кралското семејство, случајот на Хојби сериозно го наруши угледот на норвешката монархија, пренесува агенцијата Франс прес.

Аферата започна на 4 август 2024 година, кога полицијата го приведе под сомнение дека претходната ноќ физички ја нападнал својата тогашна партнерка.

Во текот на истрагата, по заплената на неговиот телефон и компјутер, истражителите пронашле снимки кои документирале кривични дела, врз основа на кои подоцна биле поднесени обвиненијата.

Обвинителството наведе дека четири жртви на сексуален напад станале свесни за тоа што им се случило дури откако полицијата им ги покажала снимките.

Конечната пресуда се очекува во наредните недели или месеци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот