Студентските домови во Охрид пренаменети за примање случаи со корона вирус

Станува збор за вкупно 68 соби во двата објекти, каде веќе се спроведуваат активности за дезинфекција и подготовка за прием на заболени.

Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески денеска брифираше за активностите што ги спроведува локалната власт за исполнување на препораките по однос на ситуацијата со корона вирусот.

– Општина Охрид ги подготвува двата објекти на студентскиот дом „Никола Карев” и ученичкиот дом „Ванчо Питошески” во градот за сместување и изолација на пациенти инфицирани со корона-вирус, а се со полесна клинична слика. Станува збор за вкупно 68 соби во двата објекти, каде веќе се спроведуваат активности за дезинфекција и подготовка за прием на заболени, истакнува Георгиески.

Поради мерките за спречување на ширењето на вирусот општинските служби од денеска работат со редуциран број вработени.

Изминатиот период општината спровела целосна вонредна дезинфекција на градинките, училиштата во градот, а наскоро како што се најавува ќе биде спроведена дезинфекција на сите образовни установи во градот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот