Стопанските комори на дневна основа ќе ги информира членките за мерките на Владата

Ова е момент за единство, за ангажирање на сите расположливи ресурси, максимална професионалност и посветеност порачува Стопанската комора на Македонија.

Стопанска Комората е во постојана комуникација со Владата и изразува целосна подготвеност за соработка.

Од таму додаваат дека потенцијалот на последиците не смее да се потцени, а нивната големина ќе зависи од подготвеноста на сите вклучени страни да преземат решителни и навремени чекори за минимизирање на можните негативни економски ефекти.

– На барање на Стопанската комора на Македонија, Владата ги задолжи сите министерства да формираат свои тимови, со посебна електронска пошта и телефонска линија на која ќе се даваат информации во однос на административните прашања во врска со спроведување на препораките и мерките за справување со КОВИД-19 за да може сите засегнати да се обратат со прашања кои ги засегаат, велат од комората.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот