Стојоски со триумф и рекорд на Европското првенство во Скопје

Принтскрин/Youtube/АТЛЕТСКА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА

Стојоски ја продолжува одличната форма, потсетување беше шестопласиран на ЕП за атлетичари до 23 години.

Овој викенд се одржува Европското атлетско првенство – Трета лига во Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје.

Стојоски со победата на 100 метри освои 13 поени за нашата репрезентација, во финалната трка второпласиран беше Хајрудин Вејзовиќ од Босна и Херцеговина (10.77), а трет заврши Србинот Алекса Кијановиќ (10.79).

принтскрин/european-athletics.org

Во дисциплината 400 метри во женска конкуренција во својата група победа забележа нашата атлетичарка Дрита Исљами со време 56.72 секунди за 11 поени на македонската репрезентација.

Зад неа како второпласирана беше натпреварувачката од Босна и Херцеговина (58.16 сек.), а трета Татјана Контребут од Молдавија (1:00.25 мин.)

Исљами триумфираше и во дисциплината 400 метри со пречки (1:00.81) за нови 13 поени на Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот