Стојоски оствари послаб резултат од неговото најдобро време во Оран

Јован Стојоски заврши како четвртопласиран во квалификациите/Фото: Македонски олимписки комитет

Јован Стојоски во дисциплината на 400 метри во првата квалификациона група го освои четвртото место место на Медитеранските игри.

Македонскиот атлетичар оствари резултат 47,07 секунди што е послабо од неговото најдобро време (46.81) за 26 стотинки, односно за осум стотинки од неговото најдобро време во 2022 година (46.99).

Стојоски не успеа да се пласира во понатамошниот дел од натпреварувањето (12 место од 17 натпреварувачи) и го заврши својот настап во Оран, Алжир.

Во четвртокот настапи Дрита Ислами која на трката на 400 метри со пречки беше петтопласирана со време 59.16 секунди, на крајот не успеа да се квалификува во финалето.

Од останатите наши атлетичари Андреас Трајковски треба да настапи во скок во далечина, и Дарио Ивановски во трката на 5000 метри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот