Стојоски единствен македонски учесник на Европското првенство во сала

Македонскиот атлетичар Јован Стојоски пред нови предизвици/фото: facebook.com/jovan.stojoski

Најголемиот атлетски собир на стариот континент во овој зимски дел од сезоната ќе се одржи во Торун, Полска во период од 5-7 март 2021 година, па така на Европското првенство за Сениори-ки во сала, и Македонија ќе земе учество.

Единствениот наш преставник е Јован Стојоски во дисциплината на 400 метри по претходно исполнета норма.

Тој веќе е пристигнат во Торун и се подготвува за својот настап во квалификациите кои ќе се одржат на 5 март во 10.17 часот, додека полуфиналната рунда е истиот ден во 19.25 часот, и финалето од 20.10 часот.

Учеството на Стојоски на ова големо првенство ќе има директно влијание во ранкинг листата на Светската атлетска федерација, според која ќе се распределуваат и слободните места за Олимписките игри во Токио ова лето .

Пренос во живо на настанот можете да гледате на следниот линк ТУКА

Ивановски позитивен на ковид-19, нема да настапи на ЕП во Полска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот