Ивановски позитивен на ковид-19, нема да настапи на ЕП во Полска

Фото: facebook.com/igor.jakimovski.7

Денеска пристигаат лоши вести за македонската атлетика, Дарио Ивановски нема да настапи на престојното Европско првенство во сала.

Нашиот натпреварувач е позитивен на ковид-19 и поради тоа ќе го пропушти настапот во Торун, Полска.

– Информација за македонската спортска јавност. И официјално на престојно ЕП во сала кое ќе се одржи оваа недела во Торун, Полска, нашиот најдобар атлетичар Дарио Ивановски нема да настапи. Да му посакаме многу здравје, брзи и лесно подносливи денови во ова светско КОВИД лудило кое удри и кај нашиот неприкосновен шампион. Се гледаме напролет на новите предизвици – спортски поздрав од MC RUNNING TEAM.

Ивановски изминатиот период имаше одлични резултати, промовирајќи се како балкански шампион во сала на 3000 метри.

Со два медали на Балканијадите, злато и сребро, двапати го сруши својот национален рекорд на 1500 м (03:45.46 мин. и 03:44.98 мин.)

Постигна рекордни 1088 ИААФ бодови и по вторпат во кариерата освои норма за Европско првенство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот