Стефан Михајловски освои бронза на Европското првенство во кик бокс во Атина

фото: facebook.com/prokickfamily

Македонскиот натпреварувач Стефан Михајловски успеа да се закити со бронзен медал на Европското првенство во кик бокс за сениори во Атина, Грција.

Во полуфиналната борба Михајловски загуби со 2:1 од украинскиот кикбоксер Серхи Бабенко во категоријата +94 кг.

Претходно Македонецот во четвртфиналето триумфираше со 3:0 против Стефан Тикс.

На ова ЕО кое ќе трае до 10 ноември учество земаа 982 натпреварувачи со 1.133 натпреварувачки влезови од 41 држава.

Откако триумфираше против Петар Јасмин од Хрватска со 3:0 во категоријата -86 кг., Бобан Илиоски во полуфиналето ќе се бори против Филип Христос од Грција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот