Стапува на должноста нашата нова амбасадорка во Софија, Агнеса Руси Поповска, акредитивите ги прими заменик-министерка

Фото: МИА

Заменик-министерката за надворешни работи на Бугарија, Велислава Петрова денеска ги доби копиите од акредитивните писма на новата вонредна и ополномоштена амбасадорка на Република Северна Македонија во Бугарија, Агнеса Руси Поповска.

Како што јави МИА од Софија, Петрова ја пречека новата амбасадорка изразувајќи задоволство од страна на властите во Софија, што по долг период Северна Македонија има вонреден и ополномоштен амбасадор во Бугарија и изразила надеж дека тоа ќе придонесе кон продлабочување на добрососедските односи помеѓу двете земји.

Заменик-министерката за надворешни работи на Бугарија ја изразила и поддршката на Бугарија за европските интеграции на Северна Македонија и истакнала дека е неопходно е и да се вложат доследни напори за враќање на довербата и градење искрена и позитивна атмосфера со билатералниот дијалог. Таа додала дека е од исклучителна важност постигнатите договори да дојдат до израз и во реални резултати.

Амбасадорката Руси Поповска изрази благодарност за брзиот одговор за одржување на средбата и ги дефинирала последните случувања од билатералниот договор, како и новата страница во односите меѓу Скопје и Софија.

Двете соговорнички за време на средбата се согласиле дека со заеднички напредок на политичко ниво, од интерес на граѓаните за двете држави е да се постигнат видливи резултати во соработката во одделни сектори.

Македонија околу две и пол години немаше амбасадор во Софија. Претседателот Стево Пендаровски при назначувањето на дипломатката од кариера Руси Поповска, ја заобиколи Комисијата за надворешни работи во Собранието, со која претседава пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, и го потпиша указот без таа претходно да ги презентира своите тези пред пратениците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот