Трамп и Нетанјаху во Кнесетот/Фото: Evan Vucci / AFP / Profimedia

Средба Трамп-Нетанјаху во Флорида неизбежна за следните чекори во Газа

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху веројатно ќе го посети во Флорида за време на божиќните празници, додека се залага за напредок во следната фаза од мировните преговори за Газа, пишува Баронс.

„Да, веројатно ќе дојде да ме види во Флорида“, им рече Трамп на новинарите, кој во петок заминува за своето одморалиште Мар-а-Лаго. „Тој би сакал да ме види. Не сме го договориле тоа формално, но би сакал да ме види“.

 

Следните чекори во Појасот Газа се очекува да бидат разгледани подоцна во текот на денот на состанокот на американски, катарски, египетски и турски претставници во Флорида.

Вашингтон ќе биде претставуван на денешните разговори од специјалниот претставник на американскиот претседател Стив Виткоф, изјави вчера за АФП извор од администрацијата на Трамп.

„Сè уште официјално не сме го закажале, но (г-дин Нетанјаху) сака да ме види“, изјави вчера републиканскиот американски претседател, додавајќи: „Веројатно ќе дојде да ме види во Флорида“.

Доналд Трамп планира да ги помине празниците на крајот од годината таму, во неговата резиденција и клуб Мар-а-Лаго.

Катар и Египет, медијатори и гаранти на прекинот на огнот во палестинската енклава каде што беснее војна две години, неодамна повикаа на спроведување на планот предложен од американскиот претседател за да се премине во следната фаза.

Следната фаза предвидуваше разоружување на Хамас – можност што палестинското исламистичко движење ја отфрла – прогресивно повлекување на израелската армија од целата енклава, создавање преодни власти и распоредување на меѓународни „стабилизациски“ сили.

Примирјето во Појасот Газа меѓу Израел и Хамас, кое стапи на сила на 10 октомври, останува многу кревко, при што двете страни се обвинуваат меѓусебно за флагрантно кршење на неговите услови, додека хуманитарната ситуација во енклавата продолжува да биде критична.

Сепак, американскиот претседател се пофали завчера, во средата, во изјава дека го вратил мирот на Блискиот Исток „за прв пат по три илјади години“.

Турција на разговорите ќе ја претставува министерот за надворешни работи Хакан Фидан.

Во говорот, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган увери дека неговата земја останува „цврсто на страната на Палестинците“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот