Србљак: Многу ми значи оваа титула, пресудна беше психичката спремност!

Фото: mtftennis.mk

На терените на Тенискиот клуб „Југ“ – Скопје беше организирано Државното првенство на Македонија во машка и женска конкуренција, ЦЕВИТАНА ОПЕН 2020 во периодот од 24-27 септември 2020 година, поединечно и во игра на двојки.

Кај мажите најдобар беше Горазд Србљак (Тенниспарк) кој во финалето со резултат 2:1 во сетови 3:6, 6:3 и 6:4 го совлада Калин Ивановски (Југ).

На ниту еден тенисер не му успеал да поврзе четири шампионски титули по ред, тоа сега го направи Србљак (2017-2020). Претходно три трофеи во низа во првенството имаше Димитар Грабул во 2014, 2015 и 2016 година.

Во женска конкуренција во завршната битка Александра Симева (Тенниспарк) со 7:5 и 6:1 триумфираше против Ива Кузмановска (Југ). Во двојки Елдин Хусеиновиќ (МТП) и Иван Манасов (Неготино) во финалето ги победија Обрад Марковски (Неготино) и Лука Љубен Андонов (Југ) со 3:6, 6:3, 10:7.

– Оваа година на сите ни е јасно дека имаме различна сезона поради пандемијата. Имав многу помал број на официјални натпревари оваа година а тоа е најголемиот хендикеп за еден играч.

Со кратки припреми во Белград и Скопје ја почнав одбраната на титулата. Ова државно првенство пресудна беше психичката спремност.

Среќен сум што покажав ментална сила во полуфиналето и финалето и тоа беше клучно! Многу ми значи оваа титула, бидејќи во новата ера ниту еден тенисер не успеал да поврзе четири титули една по друга!

Во врска со останатиот дел од сезоната сеуште изготвувам планови за настап бидејќи потребни се посебни дозволи и тестови. Се надевам и верувам на успешно продолжување на интернационалната сезона со победи – ни изјави Србљак.

Србљак на патот до финалето во првото коло беше слободен, во второто не му дозволи ниту еден гем на Срѓан Спасеновски (МТП), потоа во четвртфиналето беше подобар од Стефан Мицов (Неготино) со 6:4, 2:6 и 6:1, а на претпоследната пречка при водство од 4:1 имаше службена победа, бидејќи поради повреда не можеше да продолжи неговиот противник Шендрит Деари (Југ).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот