Србија во продолжението подобра од Норвешка, пеналите одлучуваа на три натпревари (ВИДЕО)

epa08730526 Serbia's Sergej Milinkovic-Savic (C) cheers after scoring the 0-1 goal during the UEFA Euro qualifying playoff semifinals soccer match between Norway and Serbia at Ullevaal Stadium in Oslo, Norway, 08 October 2020. EPA-EFE/Fredrik Varfjell NORWAY OUT

Во полуфиналните бараж натпревари од Лигата на нации за пласман на Европското првенство, дури три натпревари отидоа до самиот крај, односно пенал рулетот.

Селекцијата на Србија славеше со 1:2 во Осло против репрезентацијата на Норвешка и си обезбеди финале кое може да ја однесе на Европското првенство.
Јунак на Србите е фудбалерот на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ кој ги постигна двата гола, првиот во 82. минута, а одлучувачкиот гол го даде во 103. минута. Норвежаните се спасија од пораз во регуларниот дел од натпреварот благодарение на голот на Норман во 88. минута, но не издржаа во продолженијата.

Србија во одлучувачкиот натпревар за пласман на ЕП 2021 година кој ќе се игра наредниот месец, во Белград ќе игра против Шкотска која беше подобра од Израел по изведувањето на пеналите откако натпреварот заврши без голови.

Во рамките на дивизијата А, Унгарија и Исланд во меѓусебен дуел ќе го дадат патникот на ЕП.
Унгарија со 1:3 славеше на гостувањето во Бугарија со головите на Орбан, Калмар и Николиќ, додека голот за Бугарија го постигна Јомов во последната минута од натпреварот.


Исланд во Рејкјавик со 2:1 ја совлада Романија, а работата ја заврши уште во првото полувреме благодарение на двата гола на Гулфи Сигурдсон. Романците во 63. минута преку Максим го намалија резултатот, но немаа сили за целосен пресврт.

Во баражите од дивизијата Б и двата финалисти славеа по подобро изведување на пеналите. Северна Ирска беше поуспешна од БиХ, додека Словачка ја победи Република Ирска.

Резултати:
Бугарија – Унгарија 1:3
Исланд – Романија 2:1
БиХ – Северна Ирска 1:1 3:4 пен.
Словачка – Република Ирска 0:0 4:2 пен.
Норвешка – Србија 1:2
Шкотска – Израел 0:0 5:4 пен.
Грузија – Белорусија 1:0
МАКЕДОНИЈА – Косово 2:1

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот