Србија слави нов медал, Богдановиќ „бронзена“ во Токио

Фото: EPA-EFE/RUNGROJ YONGRIT

Во првиот ден од Летните Олимписки игри во Токио Србија се закити со уште еден медал на спортските борилишта…

После сребрениот медал на Дамир Микец во дисциплината 10 метри воздушен пиштол, бронза освои Тијана Богдановиќ на женскиот таеквондо турнир.

Во категоријата до 49 килограми во борбата за бронзата триумфираше над јапонската натпреварувачка Мију Јамада со резултат 20:6.

За Богдановиќ е втор олимписки медал, првиот (сребрен) го освои на Игрите во 2016 година во Рио де Жанеиро.

Во истата дисциплина во големото финале Панипак Вонгпатанакит од Тајланд со 11:10 славеше против Адриана Иглезијас Серезо од Шпанија.

Видео на денот