Спектакл на „Силверстоун“: Инцидент, казна, драма и филмска победа на Хамилтон

фото: EPA-EFE/Lars Baron

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон е победник на фантастичната трка за Големата награда на Британија која се возеше на  легендарната патека „Силверстоун“.

Трката во „Силверстоун“ ја одбележа инцидентот на Хамилтон и Макс Ферстапен по што Британецот заработи казна, но возачот на Ред Бул ја заврши трката поради преголемото оштетување на неговиот болид.  Хамилтон за инцидентот беше казнет со 10 секунди во пит стопот, но успеа да се врати и на крајот на слави.

EPA-EFE/ANDY RAIN

Ова беше вкупно 99. победа во кариерата за Хамилтон кој на три круга пред крајот успеа да го претекне Шарл Леклер од Ферари, додека на третото место се најде вториот возач на Мерцедес, Валтери Ботас.

Трката започна фантастично, со голема битка помеѓу двајцата лидери во генералниот пласман, Макс Ферстапен и Хамилтон, но на најбрзиот свиок дојде до контакт по кој болидот на Холанѓанецот заврши во заштитната ограда, што значеше крај на трката. Ферстапен потоа беше пренесен во болница на дополнителни прегледи.

Хамилтон доби казна од десет секунди кои ги одработи во 28 круг кога ги менуваше пневматиците и на патеката се врати на петтата позиција. Многу брзо Хамилтон успеа да дојде до второто место и постојано ја намалуваше предноста на водечкиот Леклер. На три круга до крајот, Хамилтон успеа да го претекне Леклер и на неверојатен начин да дојде до победата на „Силверстоун“.  Од четвртото до десеттото место се пласираа Даниел Рикиардо, Ландо Норис, Карлос Саинс, Фернандо Алонсо, Ленс Строл, Себастијан Окон и Јуки Цунода.

Благодарение на победата, но и на податокот дека Ферстапен не ја заврши трката, Хамилтон го намали заостанувањето зад возачот на Ред Бул. Сега Ферстапен има 185 бодови на првото место во генералниот пласман, додека Хамилтон е втор со само осум бодови помалку.
Следната трка во Ф1 шампионатот ќе се вози на 1 август на патеката „Хунгарорин“ за Големата награда на Унгарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот