Сотирова: Протоколот за лекување на ковид позитивни лица не може да се прекине се до извршување на решението

Директорката на Државен санитарен и здравствен инспекторат Иринка Сотирова денес на прес-конференција објасни какви се правилата за самоизолација, откако и беше упатено прашање за тоа дали може да се скрати самоизолацијата за кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски и дали се прекршени протоколите за средбата на државниот врв во Куманово.

-Протоколот за лекување на ковид позитивни лица кои се ставени на домашано лекување со одлука на ДЗСИ е јасен и прецизен – не може да се прекине се до извршување на решението. Протоколот во однос на лекување на пациенти позитивни е јавен и се наоѓа на страната на министерството за здравство, накратко сите пациенти кои се дијагностицирани кај кои инфектологот и епидемиологот одлучиле дека може да се спроведе во домашни услови, истото се потврдува со решение.

Тоа почнува со датата од денот кога е утврдена позитивноста и трае 14 дена. Првото тестирање е во домашни услови од екипа на центар за јавно здравје од општината во која е сместен пациентот. Потребно е во следните 24 до 48 часа второ тестирање, кое ќе биде на ист начин спроведено и доколку двата резултати се негативни, завршува лекувањето во домашни услови.

Доколку првиот е позитивен, решението за домашна самоизолација продолжува уште 7 дена. Истата постапка се повторува на 21 ден. Надзорот е завшрен на 18. 04, констатирани се одредени недостатоци. ДЗСИ само апелира дека сите лица мора да се придржуваат до препораките на комисијата за заразни болести за заштина опрема и социјална дистанца. Овојј предмет е завршен и предаден во мвр и министерството за здравство, рече Сотирова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот