Солиден настап на Мојсовска на Медитеранските игри во Оран

Ангела Мојсовска го освои 14 место во дисциплината воздушна пушка/Фото: Македонски Олимписки комитет

Денеска во дисциплината воздушна пушка жени на Медитеранските игри во Оран, Алжир настапи Анастасија Мојсовска.

Таа во силна конкуренција на најдобрите жени од медитеранските земји испука 619,8 кругови со серии: 103,5 102,0 104,2 103,0 102,2 104,9 при што се пласира на 14 место.

Резултатот е очекуван и солиден со оглед на тоа што истата e млада јуниорка која го држи македонскиот рекорд од 622,1 кругови.

Во текот на мечот истата одлично и координирано одработи со својот тренер Јордан Тасевски.

За влез во финале и дополнителна борба за медал беа потребни 626,5 кругови а во наредниот период ќе се продолжи со утврдување на потребните кругови за влез во финале кои Мојсовска ги пука без потешкотии на своите тренинзи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот