Со „стотка“ се вратија насмевките во КК Куманово, доминација на Зивчевиќ

куманово мзт
Кошаркарите на Куманово против Феникс 2010 ја прекинаа негативната серија на порази/Фото: kfsm.mk

Денеска играчите на Куманово ја прекинаа поразителната низа со победа над Феникс 2010 со конечен резултат 103:98 во деветтото коло од Првата македонска кошаркарска лига.

Комплетната домашна прва петорка е „виновна“ за само втората победа на Куманово 2009 во девет одиграни кола. А прва по враќањето на Владимир Мирковски на клупата на кумановските „сино-бели’.

Неверојатно ефикасно прво полувреме одиграа Куманово 2009 и Феникс 2010. Во првото полувреме двете екипи заедно реализираа дури 111 поени. Од нив, рекордни во сезоната, 60 поени, даде домашната екипа која беше во очекување да стави крај на серијата на поразителни игри и на резултати во првите осум кола од првенството кои и ги натераа да направат промена на првата тренерска позиција на која повторно, за кратко време, застана Мирковски.

Најефикасни во домашниот триумф беа Ненад Зивчевиќ со 24 поени (осум скокови) и Стефан Глигоријевиќ со 20 поени (осум скокови). На спротивната страна Двејн Тикан Морган имаше „дабл-дабл“ учинок од 24 поени и 11 скокови, додека капитенот Андреј Митревски забележа 18 коша.

Во генералниот пласман Куманово е на 10 место со 11 бодови, два помалку од осмопласираниот Феникс 2010.

Шампионот МЗТ успешен со ТФТ, продолжува да го „брка“ лидерот Пелистер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот