Шампионот МЗТ успешен со ТФТ, продолжува да го „брка“ лидерот Пелистер

МЗТ Скопје Аеродром ја продолжува трката за шампионската титула/Фото: kfsm.mk

МЗТ Скопје Аеродром имаше одлично прво полувреме под „Кале“, и реализираше победа над ТФТ (90:82), осма во девет кола во Првата македонска кошаркарска лига. Успешно продолжение на победничката серија имаше МЗТ, бранителот на титулата со новите бодови е на чекор до лидерот Пелистер кој има максимални девет победи.

Феноменално прво полувреме имаа гостите од Аеродром, 12 минути во кои обезбедија предност од 21 поен, (55:34). Особено расположен за игра беше капитенот Дамјан Стојановски, кој во тој дел од дербито постигна 14.поени. Во третиот дел од играта, „црно-белите“ ја преполовија негативата, стигнаа до „минус 10“ (56:66), пред Мекиќ, со звукот на сирената, да реализира „од центарот“ за 69:56 на влезот во последната четвртина.

Период од играта во кој ТФТ се симна и на едноцифрен минус (64:73), но Робев и Милошевиќ го сопреа тој нов атак на ТФТ, за враќање на сигурната предност (77:65) на нешто повеќе од седум минути до крајот на средбата. Дојде ТФТ до уште пониски 69:77, но Стојановски со тројка го одби и тој обид за некаков резултатски пресврт.

По трет пат, домашната екипа намали уште еден поен од негативата, стигна до (76:84), кога останаа да се доиграат 02:17 минути до крајот. Но, токму Стојановски со „два плус еден“ игра ги тргна дилемите окоу победикот. Постави 87:76 пред да почне последната минута од дуелот.

Токму капитенот Стојановски беше прв стрелец во триумфот на аеродромскиот клуб со 20 поени, еден помалку имаше Роберт Рикиќ (13 скокови). На спротивната страна 25 поени и девет скока беа дело на Ландриус Хортон, додека Андреј Маслинко стигна до 18 поени и осум скока.

На табелата води Пелистер со 18 бодови, пред МЗТ Скопје Аеродром со 17, трет е Работнички (15), а на четвртата позиција е ТФТ (14).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот