Христијан Мицкоски Фото: Принтскрин

Со предлогот за поставување повереници, Мицкоски најавува враќање на авторитаризмот на Груевски, велат од ДОМ

Демократска обнова на Македонија (ДОМ) остро реагира на вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски дека ако локалните избори не успејат Владата ќе именува повереници како градоначалници. Од партијата велат дека ваквата отворена закана на премиерот е директен напад врз темелите на демократијата и претставува нескриена најава за враќање на авторитаризмот од времето на поранешниот премиер Никола Груевски, кој како што велат е менторот на Мицкоски.

„Овој предлог е јасно антидемократски: ја поништува смислата на изборите и ја игнорира волјата на граѓаните кои можеби, замислете, би избрале независни кандидати за градоначалници или советници. Ова не е „политичка тактика“, туку директна најава за самоволие во општините, што наликува на грубото воспоставување на режим кој на сите ни е многу добро познат.

Зелената партија ДОМ ја потсетува јавноста дека стравот на ВМРО-ДПМНЕ и на нивните прикриени коалициски партнери (СДСМ и ДУИ) од независните гласови го разоткрива лицето на една тивка, но сеопфатна согласност меѓу партиските „аристократии“. Молкот за ова прашање од страна на „опозициските“ перјаници од СДСМ и ДУИ само ги потврдува сомнежите за таа непринципиелна коалиција и нивната нетрпеливост кон новите, храбри независни гласови“ се вели во соопштението на ДОМ.

Оттаму бараат премиерот веднаш да ја повлече оваа закана и да ги почитува уставните права на граѓаните. Го повикуваат претседателот на Собранието и сите парламентарни партии јавно да се изјаснат против, како што велат, најавениот тоталитаризам.

Според ДОМ, секој обид за наметнување „повереници“ наместо легитимно избрани градоначалници е кршење на законот и на политичкиот морал.

„ДОМ останува непоколеблив столб на борбата за вистинска и партиципативна демократија и ќе ги искористи сите законски средства за да ја одбрани волјата на граѓаните. Граѓанската волја не е на продажба – не дозволуваме да биде отстапена на партиските калкулации и на старите манипуланти со политичка моќ“ додаваат од партијата.

Мицкоски ја сосече „кампањата“ на ЗНАМ со ревизија на Бадентер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот