Христијан Мицкоски Фото: Фејсбук Мицкоски

Ако не успее изборниот процес, Владата има можност да постави повереници, вели Мицкоски

Ако поради можноста независните да се кандидираат со два потписа изборниот процес не успее, Владата има уставна можност да постави повереници, рече премиерот Христијан Мицкоски. Тој не ја исклучува можноста да се создаде проблем во изборниот процес со оглед на тоа што независните кандидати можат да учествуваат со само два потписа од граѓани од изборната единица, што пак може да го зголеми бројот на кандидати и да направи гласачкото ливче да биде долго и збунувачко.

„Се е можно, можно е гласчкото ливче да биде 7-8 метри, да ги обесхрабри граѓаните да излезат, да се намали цензусот, но тука сакам да предупредам дека согласно Уставот и Законот ако не е успешен избирачкиот процес Владата е таа која именува владини повереници, така што неодговорното однесување на поединци или поедини политички партии ќе резултира со ваков тип на можности. Сега дали тоа ќе се случи ќе видиме за многу скоро од денеска, до 1 сепетември треба да заврши овој процес и да се види каков ќе биде“ изјави Мицкоски по увидот во изградба на градинка во Драчево.

Тој додаде дека до крајот на овој и почетокот на другиот месец ќе бидат познати сите кандидати за градоначалници и носители на листите за советите во општините.

„Пет-шеснаесет општини кои останаа мислам дека ќе ги комплетираме до крајот на месецов. Во првата недела од септември, од 1 до 5 септември ќе имаме состанок на ИК и на ЦК на партијата така што тогаш ќе ги комплетираме сите овие непознаници од аспект на градоначалници советници. Последниот рок е 13 септември, рече Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот