Со години се бори со ракот, а сега остана и без здравствено осигурување: Шенон Доерти се соочува со нова неправда

Американската актерка и продуцентка Шенон Доерти (49), која се стекна со светска слава со улогата на Бренда во серијата „Beverly Hills 90210“, повеќе години се бори со ракот на дојката. Покрај борбата со болеста, Шенон Доерти сега се најде во уште потешка ситуација и се бори и за своите права. Таа објави дека синдикатот на актерите САГ-АФРТА одбил да и ги покрие медицинските трошоци затоа што не заработила 26.470 долари во изминатата година, што е минимум за да оставри право на здравствено осигурување.

„Работам од мојата десетгодишна возраст и редовно плаќам членарина на синдикатот, а кога веќе не можам да снимам поради болест, никој не се грижи за мене. Мислам дека можеме и мораме подобро“, напиша Шанен Доерти во своето соопштение за медиумите и ја покани својата колешка Фран Дрешер, претседателка на здружението, да направи нешто околу тоа.

Фран Дрешер, беше избрана на оваа функција откако и самата помина низ тежок период во борба со рак на матката.
„Правото на здравствено осигурување не смее да се поврзува со висината на приходите во последната година, бидејќи на овој начин сите сме осудени да останеме без право на лекување во борбата против долго и тешко боледување“, додаде 51- годишната Шенон Доерти, која со своите следбеници редовно споделува информации за нејзиното здравје.
Актерката за борбата со ракот: Сакам луѓето да знаат дека се борам