Со 51 глас „за“ и 40 „против“: Американскиот Сенат ја потврди Деб Халанд за секретарка за внатрешни работи

Фото: EPA-EFE/Sarah Silbiger / POOL

Американскиот Сенат го потврди изборот на Деб Халанд за секретарка за внатрешни работи во администрацијата на претседателот Џо Бајден, јави „Си-Ен-Ен“. Таа е избрана со 51 глас „за” и 40 „против”. Поголемиот број републиканци гласаа против именувањето на Халанд, истакнувајќи оти нејзините ставови за користењето на јавното земјиште и употребата на фосилни горива се екстремни.

Тоа е историски чекор, бидејќи првпат министерка станува претставник на американските староседелци – Индијанците.

Сепак, не е првпат Деб Халанд да пишува историја, нагласува „Си-Ен-Ен“. Таа во 2018 година, освои место во Конгресот и беше една од двете претставнички на индијанските заедници, кои беа и првите жени со индијанско потекло избрани во Претставничкиот дом.

Халанд се очекува да има активна улога во планот на Бајден за справување со климатската криза и намалување на емисиите на штетни гасови.

Деб Халанд (60) потекнува од Индијанците од Пуебло, група луѓе кои живеат во југозападниот дел на САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот