Никол Снуки Полизи - Фото: Инстаграм/ Nicole "Snooki"

Снуки, ѕвездата од „Џерси Шор“ откри дека ќе биде подложена на хистеректомија по дијагнозата на рак на грлото на матката

Ѕвездата на ријалити емисијата „Џерси Шор“, Никол ‘Снуки’ Полизи, откри дека ќе биде подложена на хистеректомија откако ѝ бил дијагностициран рак на грлото на матката, пренесува „Пејџ сикс“.

Оваа вест емотивно ја потресла 38-годишната Полизи, која отворено ги сподели своите чувства во врска со претстојната операција. Во разговор за „Пипл“, таа признала дека е многу загрижена поради самата интервенција, особено затоа што станува збор за отстранување на орган.

„Не сум баш добра со болка, па самата помисла на отстранување орган ми е застрашувачка“, изјави Полизи, додавајќи дека целиот процес е многу емотивен.

Иако веќе не планира да има деца, мислата дека ќе изгуби дел од своето тело и врската со мајчинството длабоко ја потресла.

Полизи е мајка на три деца: синот Лоренцо Доминик (13), ќерката Џована Мари (11) и синот Анџело Џејмс (6), кои ги има со сопругот Џиони ЛаВале.

„Тоа е дел од жената, иако повеќе не планирам да имам деца, помислата дека не можам повторно да станам мајка навистина ме вознемирува“, додаде таа.

Инаку, во јануари оваа година, Полизи откри дека направила непријатен колпоскопски преглед и биопсија поради абнормални резултати од пап-тест и присуство на предканцерозни клетки.

„Резултатите стигнаа. Докторот ме повика и ми рече: ‘Не изгледа добро’. На врвот на моето грло на матката пронајде канцерогени клетки“, изјави Полизи во видео на „Тикток“.

Во февруари, како што наведе, ѝ бил дијагностициран прв степен рак на грлото на матката, што значи дека болеста е откриена во рана фаза.

@snooki Ladies we are in this together 🙏🏽 #colposcopy #conebiopsy #cervicalcancer ♬ original sound – Snooki

„Секако, тоа не е вест што сакав да ја слушнам, но од друга страна, не е ни најлошото, бидејќи е откриено толку рано. Фала му на Бога“, рече тогаш.

Полизи истакна дека, иако 2026 година не започнала како што посакувала, сепак постојат и подобри исходи.

„Сè ќе биде во ред. Ќе го решиме ова, имаме неколку чекори што треба да ги преземеме“, заклучи таа.

Таа, исто така, не можела да ги сокрие емоциите по веста за дијагнозата.

„Доживеав слом откако ја слушнав веста“, призна таа. „Стигнав до автомобилот, ја повикав мајка ми и плачев, мислејќи дека е најлошото“, раскажа.

Полизи нагласи дека голема поддршка добила од својот сопруг ЛаВале, како и од пријателите и семејството.

„Најдобриот дел од сè е сознанието колку луѓе се грижат за мене. Имам многу луѓе кои се тука за мене и ме сакаат“, заклучи таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот