Сноуден го прекршил договорот за доверливост со НСА, американската Влада ќе му земе пет милиони долари

Фото: ЕPA- EFE

Ова не е првпат американската Влада парично да казнува поранешни вработени за неовластено протекување информации.

Едвард Сноуден, поранешен член на американската Агенција за национална безбедност, (НСА) се согласи да ги предаде приходите од продажбата на неговата книга на американската влада.

Сноуден, кого го бараат во САД за откривање на најдоверливите податоци на американските тајни служби, се согласи на владата да и предаде дури пет милиони долари.

Тој во 2013 година го шокираше светот кога на човештвото му откри дека американската Влада тајно собира податоци од секој телефонски повик, порака и е-пошта.

Сноуден во последните неколку години се наоѓа во Русија.

Минатата година Сноуден ја објави книгата „Трајно забележено” и со тоа го прекрши договорот што го склучи со ЦИА и Американската агенција за национална безбедност.

Во книгата од која заработи неколку милиони долари, тој открива како американската Влада создала систем на масовно следење.

Ова не е првпат американската Влада парично да казнува поранешни вработени за неовластено протекување информации.

И Џон Болтон, поранешниот советник за национална безбедност, кој објави книга за претседателот Доналд Трамп, се соочува со сличен обид на Министерството за правда да ги поврати приходите од објавувањето и продажбата на книгата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот