Смртта на Британи Марфи останува една од најголемите мистерии: Таа и сопругот умреле на ист начин и на исто место

profimedia

Британи Марфи почина пред 11 години, а нејзиното тело го пронашол сопругот Сајмон Монџек во нивната вила во Холивуд. Во тогашниот медицински извештај пишува дека умрела од воспаление на белите дробови и анемија.

Околу смртта на Британи постојат многу теории, многу прашања останаа без одговор, а има многумина кои на тие прашања сакаат да ги добијат одговорите.

На социјалните мрежи одвреме навреме повторно се појавуваат различни теории во врска со нејзината смрт.

profimedia

Со оглед на тоа што нејзиниот сопруг починал на ист начин, се зборуваше за убиство, а меѓу сомнителите лица се најде и нејзината мајка. Се ширеа гласини дека во бракот со Сајмон Британи била потчинета, искористена и изманипулирана.

Ова се петте причини поради кои сè уште се наметнува прашањето што ја убило младата глумица.

1. Иако патологот рекол дека починала од природна смрт поради воспаление на белите дробови и анемија, подоцна се испоставило дека престанала да диши поради комбинација на различни лекови. Во нејзината соба биле пронајдени дури 90 различни лекови.

2. Нејзиниот сопруг Сајмон починал пет месеци подоцна од истите причини. Експертите тврдат дека тоа не е невозможно, но е многу ретко. Иако никогаш јавно не признале, полицијата на Лос Анџелес случајот го водела како убиство. По лабораториските наоди, таткото на глумицата изјавил дека му изгледа како да се работи за убиство, а не за природна смрт.

profimedia

3. Лошата репутација на Сајмон и фактот дека никој не бил среќен кога се омажила за него. Многумина го обвинувале дека ја искористува, дека е измамник и едноставно многу лоша личност.

4. Никогаш јавно не е објавен наодот колку куќата во која живеела Британи е безбедна за живеење. Нејзината мајка Шерон подигнала обвинение бидејќи никогаш не ги добила наодите кои би укажале на тоа дека во куќата имало отровни материи. Една од популарните теории е дека глумицата била отруена со отров за глувци. Со оглед на тоа што куќата не била прогласена за место на злосторство, опциите на крај не биле подлабоко истражени.

profimedia

5. Патологот никогаш повторно не го покренал случајот за кој изјавил дека е случаен, но морал да биде спречен. Британи била болна најмалку две недели и ако навреме ја донеле во болница сигурно би и помогнале. Останува прашањето зошто помошта не е повикана навреме, иако глумицата се борела за да дојде до воздух. Тоа било вистинска агонија.

За жал, случајот нема да биде повторно отворен ако не се појави некој нов доказ кој би укажал на тоа дека навистина се работи за криминал.

Останува фактот дека двајца луѓе умреле во рок од пет месеци на сосема ист начин, на сосема исто место.

profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот