Славниот пар покажа како изгледа нивната вила од 14 милиони долари во која се изолирани (ФОТО
Криси Тајген и Џон Леџенд живеат во вила во Беверли Хилс која ја купија во 2016 година за 14,1 милион долари, а фотографии од својот дом често споделуваат и со своите фанови на социјалните мрежи.
Парот кој се венчаше во 2012 година ја купи оваа вила за вртоглави 14 милиони долари, пред раѓањето на нивното прво дете, ќерката Луна во 2016 година.
Претходна сопственичка на вилата беше пејачката Ријана.
Овие денови вилата е токму она место во кое Криси и Џон се изолирани со четиригодишната ќерка Луна и едногодишното синче Мајлс.
Вилата има пет спални соби и дури осум бањи.
Криси најчесто објавува фотографии од кујната, а нивниот имот има и внатрешен и надворешен базен со градина со поглед на Лос Анџелес.
Вилата во Беверли Хилс не е нивниот единствен имот. Пејачот и манекенката неодамна купија уште еден дом во близина на оваа вила, за кој според пишувањето на таблоидите издвоиле 5,1 милион долари, а имот имаат и на источната обала на САД.