Сладок и брз рецепт: Вкусни бомбици со лешници и бисквити

Фото: Pexels/ Pelageia Zelenina

Подгответе го овој сладок и брз рецепт со лешници и бисквити, за вкусно уживање. Предноста на слатките бомбици е што брзо се готови, и подготовката нема да ви одземе повеќе од десет минути.

Состојки:

– 50 гр мелени лешници

– 300 гр мелени бисквити

– 100 мл млеко

– 1 ванилин шеќер

– 100 гр бело чоколадо

– 30 гр путер

Подготовка:

Растопете го путерот заедно со чоколадото и млекото. Бисквитите измешајте ги со лешниците и другите состојки, па додадете ја растопената смеса и сè убаво измешајте со рака.

Веднаш формирајте топчиња и ставете ги на поголема чинија. Украсете по желба со чоколадна глазура или мелени лешници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот