Скопје домаќин на Светската серија турнири во пинг понг

Градот Скопје, во периодот помеѓу 8 и 12 октомври во СЦ „Борис Трајковски“ ќе биде домаќин на ИТТФ Светската јуниорска и кадетска серија од челенџ турнири во пинг понг.

По успешното одржување на Балканското првенство во Скопје во текот на јуни, со рекорден број учесници, (12 држави), Скопје и Пинг-понгарската федерација на Македонија се подготвуваат за организација на првиот турнир под покровителство на ИTТФ, Отвореното првенство на Македонија за јуниори и кадети.

Над 100 учесници и 50 официјални лица од повеќе од 20 земји од светот (Шведска, Индија, Норвешка, Шпанија, Италија, Словачка, Чешка, Хрватска, Перу, Србија, Бугарија итн) се очекуваат да пристигнат во Скопје и да се борат за титулите на овој турнир како и за паричниот и непаричниот фонд на награди (4000 долари и врвни телефонски апарати) обезбедени од организаторите и спонзорите на турнирот.

Доаѓањето на високи официјални лица од Светската и Европската пинг-понг федерација во време на турнирот, Претседателот Томас Вајкарт (ИТТФ) и Претседателот Роналд Крамер (ЕТТУ) како останати официјални лица и професионалци, треба да обезбеди дополнителен мотив за развојот на пинг-понгот во нашата држава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот