Скок за Горазд Србљак од 39 места на АТП листата

фото: mtftennis.mk

По завршувањето на „УС Опен“ дојде до промена на АТП листата секако и рангот на македонските тенисери кои се наоѓаат на неа.

Најголем скок има Горазд Србљак, кому поенот од фјучрсот во Куршумлијска бања му е запишан и со вкупно девет поени се наоѓа на 1092 место на листата.

Иако, има два поена помалку во однос на претходната ранг листа нашиот најдобар тенисер Калин Ивановски се наоѓа на 328 место и моментно има 160 поени.

Трет македонски тенисер со ранг е Обрад Марковски, кои со своите шест поени се наоѓа на 1213 позиција.

Во конкуренција на двојки Ивановски е рангиран на 635 место со 79 поени (два помалку) и има пад од десет позиции. Марковски со три поени помалку сега има 25 и има пад во конкуренција на двојки од 45 места – 1138 место. Берк Бугариќ останува на 1330 место со 16 поени, а Елдин Хусеиновиќ е рангиран на 2035 место (скок четири позиции) со три поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот