Скандал во Токио, најдобрата бразилска одбојкарка падна на допинг тест

Фото: EPA-EFE/RUNGROJ YONGRIT

Тандара Каишета, бразилската одбојкарка непосредно пред полуфиналниот натпревар на Олимписките игри во Токио против Јужна Кореја е исфрлена од Олимпиското село.

Искусната коректорка веќе го напушти Олимпиското село и се враќа во својата земја, пренесува бразилскиот „Си-Ен-Ен“.

Како што информира Олимпискиот комитет на Бразил, прекршокот се случи на 7 јули во тест спроведен надвор од натпреварувачкиот период.

Откако бразилската анти-допинг агенција информираше дека Каишета „падна на тестот“, Олимпискиот комитет на Бразил донесе одлука одбојкарката да ја напушти националната репрезентација.

Во соопштението не е наведеко кој прекршок е направен ниту дали е позитивна одбојкарката на некоја недозволена супстанца.

Едно е познато, одбојкарките на Бразил денеска од 14.00 часот ќе играат полуфинале против Јужна Кореја, а победникот ќе игра за златото против САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот