Американските одбојкарки преку Србија во битка за златниот медал

Фото: EPA-EFE/RUNGROJ YONGRIT

Женската одбојкарска репрезентација на САД е првиот финалист на олимпискиот турнир во Токио откако со 3:0 во сетови 25:19, 25:15 и 25:23 славеше против Србија.

Најдобра во победничкиот тим беше Андреа Друз со 17 поени, Џордан Ларсон забележа 15.

Во тимот на светскиот и европски шампион, Тијана Бошковиќ запиша 19 поени (со напад од 16/41) и беше единствената со двоцифрен учинок, од останатите Мина Поповиќ имаше шест поени, а еден помалку Милена Рашиќ.

За Србија ќе има шанса да се закити со медал, дуелот со бронза, додека САД ќе се обидат да стигнат до првото злато во своето четврто финале. Во второто полуфинале ќе играат Бразил и Јужна Кореја (14.00 часот).

– Американките се олимписки шампионки во одбојка на плажа

Натпреварувачките од САД, Ејприл Рос (39) и Аликс Клинман (31) го освоија златниот медал на турнирот во одбојка на плажа. Во финалето триумфираа над Австралијките Мариаф Артачо и Таликa Кенси со 2:0 (21:15, 21:16).

Рос со триумфот во Токио ја комплетираше својата колекција на олимписки медали, од Лондон 2012 има сребро, а од Рио де Жанеиро 2016 бронза. Бронзата ја освоија Швајцарките Анук Верж-Депре и Јоана Хидрих кои со 2:0 (21:19, 21:15) беа подобри од Летонките Анастасија Кравцеонука и Тина Граудина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот