Сите клубови мора да ги подмират долговите до 30 септември

фото: КФСМ

Со претседателот на федерацијата Перо Антиќ, Генералниот Секретар Владимир Георгиевски, Спортскиот Директор Тодор Гечевски и Комесарот за натпреварување Лазар Гечевски на состанокот на чиј дневен ред имаше неколку точки, се разговараше за финансиските долгови на клубовите.

До нив, доставени беа финансиски известувања со детален опис на нивните долгови. По неколку корекции, донесена е едногласна одлука, сите клубови мора да ги намират доспеаните долгови најдоцна до 30. септември 2019 година.

Котизацијата за учество во Првата лига за сезона 2019/2020 ќе изнесува 8.000 евра, а сумата ќе се исплаќа на осум еднакви рати по 1.000 евра до 15. во секој тековен месец започнувајќи од 15. октомври 2019 година. Првата рата клубовите треба да ја исплатат заедно со доспеаните долгови (до 30.09.2019), а втората рата да се исплати до 15.10.2019. Последната рата клубовите треба да ја исплатат до 15. април 2020 година.

Фото: mztskopjeaerodrom.mk

Како што и веќе беше познато од претходно, Првата машка сениорска лига за сезоната 2019/2020 ќе брои 12 клуба. Покрај екипите кои стекнаа право за учество во Првата лига, беше испратен допис до екипите на КК Ангели. КК Карпош Соколи и до КК Шкупи за интерес за учество. Екипите на КК Ангели и на КК Шкупи испратија допис дека се заинтересирани за учество во Прва лига. Двата клуба ќе мораат да ги намират своите финансиски долгови до зададениот временски рок.

Поради успехот во минатата натпреварувачка сезона, предност им е дадена на КК Ангели кои мораат да поднесат гаранција за котизација до КФСМ како и да ги исполнуваат сите услови за натпреварување во овој степен на натпреварување.

Жребувањето на натпреварувачки броеви за претстојната сезона ќе се одржи на 11.09.2019. Претседателот на КФСМ, Перо Антиќ, ги извести клубовите присутни на состанокот дека секој клуб-прволигаш ќе добие по десет Т-1000 Spalding топки од КФСМ.

Информација за преоден рок во сите лиги за сезона 2019/2020 ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот