Првата кошаркарска лига со 12 екипи

фото: КФСМ

Челниците на кошаркарската федерација предвидени од претседателот Перо Антиќ денеска одржаа работен состанок со претставници од Здружението на Прволигашите односно клубовите кои ќе бидат дел од првата лига во новата сезона. Состанокот беше одржан со цел да се договорат и потврдат деталите околу временската рамка за стартот на лигата.

Освен за тоа, се разговараше и за долговите кои ги имаат клубовите кон КФСМ во висина од 70.000 евра кои мора да се платат, а беше побарано котизацијата во висина од 10.000 евра да се плати на десет рати.

Во новата сезона во првата лига ќе се натпреваруваат 12 екипи, а меѓу нив нема да биде Блокотехна која се фузираше со Кожув. Нови членови се МЗТ Скопје 2 и ФМП, а согласно пропозициите последното место ќе биде понудено на третата и четвртата екипа од Втората лига, Црн Дрим и Ангели.

Доколку двата тима не прифатат да станат дел од елитата, тогаш местото
ќе му биде понудено на Шкупи, тимот што ланската сезона испадна од Првата лига.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот