Сите ги спуштаме ролетните кога ќе блесне сонцето: После ова повеќе нема ни да помислите да ја затемните собата

Сонцето е многу корисно и тоа не само поради витаминот Д, туку и ги убива бактериите во собата.

Истражувачите од Универзитетот во Орегон во три одвоени соби изложиле бактерии.

Едната соба била во мрак, другата изложена на сончева светлина, а третата на ултравиолетови зраци.

По 90 дена истражувачите ги собрале и ги проучувале резултатите од сите соби.

Мрачната просторија се покажала поприкладна за живот и за размножување на бактерии и во неа имало во просек 12 отсто повеќе бактерии.

Во просториите изложени на дневна светлина и на УВ знаци, само 6,8, односно 6,1 проценти од бактериите биле одржливи.

Освен тоа, бактериите од мрачните простории биле поповрзани од бактериите од другите две соби.

Според резултатите од истражувањето научниците заклучиле дека сончевата светлина може да ни помогне и во спречување на респираторните болести.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот