Архивско фото: СКРМ

Синдикатот на културата на 16 април излегува на протест: „Колективниот договор не се чепка, културата има глас“

Под мотото „Колективниот договор не се чепка, културата има глас“, пред Министерството за култура на 16 април во 12 часот е најавен протест на Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ).

„СКРМ ќе одржи протест на кој ќе го изрази своето незадоволство од срамната одлука на Уставниот суд за поведување постапка за укинување на Колективниот договор за култура и кршењето на колективните договори во начинот на пресметка на плата“, стои во соопштението на СКРМ.

„Работиме кога другите одмараат. Без надомест. Без признание. Но, не и без глас“, дополнуваат од Синдикатот, кои протестот го најавија и преку свое видео.

Од таму веќе објавија дека колективниот договор „е под удар“ и дека „виси во воздух“, откако пред една недела Уставен суд поведе постапка за оценување на неговата уставност.

Уставен суд одлучува за колективниот договор за култура, СКРМ вели дека „виси во воздух“ децениската борба во фелата

„Кој го лаже Уставен суд на Република Македонија? Зошто релеватното Министерство за култура, односно минитерот Зоран Љутков не доставил точни информации за основната плата на вработените во културата? Зошто јавноста постојано се подгрева со неточни информации за платита во културата? Ќе одговара ли некој за оваа неправедна хајка спрема вработените во културата?“, објавија пред некој ден од СКРМ, кои периодов влегоа во отворена јавна војна со Љутков, а притоа до него поднесоа и кривична пријава.

Синдикатот на културата поднесе кривична против Љутков: „Министерот не е над законот“

Од друга страна, Љутков обвинувањата ги окарактеризира како „целосно неосновани и неточни“, а претходната недела тој ги обвини СКРМ дека се против реформи и дијалог, а притоа нивниот пристап е „неодговорен и претставува обид за манипулација на јавноста и инструментализирање на културниот сектор за политички цели“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот