Симпсонови на „руски начин“, и тоа со „Едерлези“ (ВИДЕО) - Слободен печат
МагазинФилм и ТВ

Симпсонови на „руски начин“, и тоа со „Едерлези“ (ВИДЕО)

Рускиот аниматор кој се претставува како Лењи Квадратич измислил своја верзија, на оваа секаде во светот популарна анимирана ТВ серија.

Една од омилените серии, кои на средината на декември ќе го прослават 30-от роденден, доби од неодамна своја „руска верзија“ – „Шимпшони“.

Имено, рускиот аниматор кој се претставува како Лењи Квадратич измислил своја верзија, на оваа секаде во светот популарна анимирана ТВ серија.

Меѓутоа, неговата шпица ниту малку не е забавна, туку прилично депресивна. Додека во оригиналната серија преовладуваат весели бои, Лељиновата шпица е во сиви тонови.

Трејлерот започнува со Барт, кој овде е потпишан како „син“, кој на излегување од училиште напаѓа еден дечко и му го одзема телефонот.

Камерата оди на „таткото“, кој го претставува Хомер, кој точно во 17 часот излегува од своето работно место. Тука е и лутата „мајка“ Марџ, како и познатата сцена во која членовите на Симпсонови седат на троседот пред телевизорот.

Тука се гледаат и моменти на семејно насилство меѓу Хомер и Марџ, а во позадина Барт е хероински зависник…

Во позадина во текот на целиот трејлер се слуша песната „Едерлези“, погледнете…

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close