Симовски е новото фантастично засилување на „црвено-црните“

Фото: Gwendoline Cusseddu

Во својата клупска кариера Симовски настапуваше за Југохром Скопје, Лирија Жеровјане, четири сезони во белгискиот Авербоде, ги бранеше боите на француските екипи Араго д Сет, Туркоан и Ајачио, а беше дел и од шампионатот на Либан.

Симовски (36) потпиша договор на една година со одбојкарскиот клуб на Вардар кој без сомнение ангажираше едно големо засилување во пресрет на новата сезона.

Претходно ОК Вардар го доведе и сегашниот сениорски репрезентативец Михаилов, па Србинот Мочиќ и блокерот Клопчевски.

Претходно Симовски ексклузивно говореше за „Слободен печат“ и шансите на нашата најдобра репрезентација на дебитантското ЕП 2019 год.

Да додадеме уште дека екипата на ОК Вардар ќе учествува во Челенџ Купот на ЦЕВ и МЕВЗА лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот