Симиќ втор стрелец, со Барселона го „лови“ трофејот во јуниорската Евролига!

Фото: kfsm.mk

Кошаркарите на Барселона, играчи „Под 18“ години, се победници на квалификацискиот турнир на Евролигата во оваа возрасна категорија кој во изминатите три дена се одржуваше во Валенсија.

Со победата и тоа убедлива од (79:55), во финалниот натпревар, против „соседите“ од Бадалона, екипата на Хувентуд, Теодор Симиќ и неговите соиграчи се пласираа на завршниот турнир на Евролигата кој следната година, во мај, ќе се одржи во Келн (Германија).

Македонецот дојде до уште подобар учинок во дресот на каталонскиот кошаркарски гигант. Финалето го заврши како втор стрелец со 12 поени (5/11 за два и 2/3 за еден поен), имаше и пет скока и едно додавање за 25.45 минути поминати на паркетот.

Поефикасен од нашиот играч беше само Микаел Каиседо со 29 поени, пет скока и три асистенции.

И на спротивната страна имаше само двајца кошаркари како „двоцифрени“, Мигел Ален запиша 22 поени (10 скока) и Жерар Бош со 12 поени (четири скока).

ВИДЕО: Симиќ и Барселона успешни во јуниорската Евролига!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот