Симиќ: Ме изненади повикот, се надевам дека тремата нема да се одрази во Перм!

Фото: kfsm.mk

Теодор Симиќ има шанса во овој февруарски квалификациски циклус да стане еден од најмладите дебитанти во националниот тим на Македонија.

Момчето кое пред неколку дена наполни 17 години е на оној скратен список на селекторот Александар Тодоров за она што следува во периодот од 18-22 февруари. Последните четири средби од квалификациите за пласман на Евробаскетот во 2022 година.

– Ме изненади повикот на селекторот во А репрезентацијата. Подготвен сум да го дадам максимумот, и да го оправдам повикот, иако сум најмал во оваа репрезентација. Нормално е да чувствувам трема. Но, сепак тоа е позитивна трема и се надевам дека таа трема нема да се одрази на играта во Перм, секако доколку бидам во комбинација за настап.

Покрај членот на Барселона, тука има уште некои млади кошаркари, кои веќе одработија еден циклус од подготовките, но не добија шанса за официјален настап поради проблемите со коронавирусот. Симиќ се надева дека ќе ги има првите минути во националниот тим на претстојните мечеви во Перм..

Тодоров: Можеме до пласман на ЕП, без разлика што најважниот меч го играме последен!

– Да, знам дека во минатиот циклус имаше неколку млади повикани кошаркари кои што не добија шанса поради ситуацијата со ковид-19. Не само јас, туку останатите млади играчи се надеваме дека преку тренинг и борба на терен, да дојдеме до првите минути во дресот на сениорската репрезентација“.

Тој ги сподели и неговите очекувања, поврзани со настапот на нашата селекција на претстојните важни мечеви за учество на наредниот континентален собир.

– Со оглед на ситуцијата со ковид-19, и некомплетните репрезентации во групата, се надевам дека тоа ќе го искористиме максимално, и секако, да пласираме на Европското првенство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот