Сиљановска Давкова ги додели стипендиите „Борис Трајковски“
На 20 најдобри студенти денеска им беа доделени стипендиите „Борис Трајковски“ за академската 2024/2025, кои своето образование ќе го продолжат на „Сити Колеџ“, Европскиот кампус на Универзитетот Јорк. Стипендиите им ги додели претседателката Гордана Сиљановска Давкова.
Препорачано

Добитниците на стипендиите се Андреева Ана, Бабамова Теонова Верица, Ванчов Димитар, Гацева Ана, Галевски Силвија, Грујевска Софија, Димитрова Аго Весна, Зеќир Сокол, Илиоска Ангела, Костовска Катерина, Милошевска Јовановска Елена, Мирковски Дарио, Николова Марковиќ Александра, Радеска Ѓуриќ Марија, Саздовска Анастазија, Симеонова Стоименова Кристина, Ставреска-Богојевска Габриела, Столевски Јован, Тошевски Јован и Хорват Александра.

Стипендиите се резултат на заедничката активност и соработка на Претседателот, Министерството за образование и наука (МОН), Фондацијата „Борис Трајковски“ и „Сити Колеџ“, Европскиот кампус на Универзитетот Јорк.
Секоја стипендија поединечно е во висина на уписнината на „Сити Колеџ“ и изнесува 14.890 евра, при што 50 проценти или 7.445 евра по студент обезбедува Министерството за образование и наука (МОН), а останатите 50 проценти ги обезбедува „Сити Колеџот“.


