Си-Ен-Ен: САД се сомневаат во можни проблеми во кинеска нуклеарка

Фото: МИА

Владата на САД испитува протекување во кинеска нуклеарна централа во последните седум дена откако француска компанија, што е делумен сопственик, предупреди на непосредна радиолошка закана, јави Си-Ен-Ен

Предупредувањето вклучува и обвинувања дека кинеската безбедносна администрација ги зголемила прифатливите нивоа за откривање на радијација за да се избегне затворање на нуклеарната централа Таишан во провинцијата Гуангдонг.

И покрај алармантната најава, администрацијата на Бајден смета дека ситуацијата се уште не е критична, пренесува Си-Ен-Ен, истакнувајќи дека иако американските власти веруваат дека ситуацијата во моментов не претставува сериозна закана за безбедноста, необично е странска компанија да бара еднострано помош од американската влада кога нејзиниот кинески партнер се уште не признал дека има проблем.

Сепак, загриженоста е доволно голема, бидејќи Американскиот совет за национална безбедност минатата недела одржа неколку состаноци.

Администрацијата на Бајден разговараше за тоа со француската влада и експерти од американското Министерство за енергетика, објавија извори, а Си-Ен-Ен тврди дека САД биле во контакт со кинеската влада, но дека резултатот од тој разговор не е познат.

Си-Ен-Ен контактирал со кинеските власти во Пекинг и провинцијата Гуангдонг, каде се наоѓа електраната, како и со кинеската амбасада во Вашингтон, но не добиле одговор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот