Златни глобуси 2026 - Фото: Profimedia

Што се случувало зад кулисите на доделувањето на Златните глобуси: Средби и моменти што не беа покажани во преносот

Доделувањето на Златните глобуси донесе многу интересни и спонтани моменти, а „АП“ овозможи редок поглед зад сцената, пренесувајќи ја атмосферата меѓу славните гости – од разговорите на Ема Стоун и Аријана Гранде, до средбите на Џенифер Гарнер и Марк Руфало.

Ема Стоун изгледа далеку поопуштено кога не седи на столчето во главната сала. За време на доделувањето во неделата, ѕвездата на филмот „Bugonia“ поголемиот дел од вечерта го помина во посебна, помала просторија со шанк за кафе и чај и маса која постојано се дополнувала со луксузни десерти, суши, кавијар и  можеби најважно без телевизиски камери.

Ема Стоун – Фото: C Flanigan / Zuma Press / Profimedia

Пред шоуто воопшто да започне, Џенифер Гарнер и Марк Руфало се сретнале кај шанкот и долго разговарале, не за некаква импровизирана кореографија од „Thriller“, туку за фактот дека Џеј Пенске, чие медиумско царство ги вклучува списанијата „Холивуд репортер“ (The Hollywood Reporter), „Варајати“ (Variety) и „Дедлајн“ (Deadline), е и косопственик на Златните глобуси.

„Зар не е тоа лудо?“, рекол Руфало, по што разговорот се префрлил на минатогодишниот хаос со безбедносните проверки, поради кој тој речиси ја пропуштил сопствената категорија. На крајот сепак влегол во салата – буквално во последен момент – и морал да седне на преминот.

Како што се приближувал почетокот, Глен Пауел ја вовел мајка си во главната сала, држејќи ја под рака додека внимателно се искачувале по скалите што Алиша Силверстоун малку претходно ги заобиколила. Кога го забележале своето место, Пауел застанал и прашал: „Прво до шанкот?“.

Силверстоун, сепак, имала свои маки, па во помош притрчала друга мајка, Мила Кунис, која ѝ донела фластери, на што актерката срдечно ѝ се заблагодарила.

На другиот крај од салата, Колман Доминго буквално „протанцувал“ до своето место. Тејана Тејлор, опкружена со обезбедување кое брзало да ја одведе до нејзиното место, успеала патем да направи селфи со еден гостин. Роуз Бирн застанала да ја прегрне Ел Фенинг, додека директорката на „Јуниверзал“ (Universal), Дона Ленгли, разговарала со Бенисио дел Торо. Кајли Џенер влегла во последен момент – без Тимоти Шаламе – само неколку минути пред почетокот на преносот.

Џенифер Лоренс – Фото: Doug Peters / PA Images / Profimedia

По првата доделена награда, Ема Стоун веднаш се вратила во споредната просторија, повлекувајќи ги со себе режисерот на „Bugonia“, Јоргос Лантимос, и Алиша Силверстоун. Стоун и Лантимос длабоко се внеле во разговор, со повремени прекини поради барања за селфи.

Кај местото за кафе и чај, Кирстен Данст била на половина од точењето кафе кога застанала и му рекла на сопругот Џеси Племонс: „Не ми се пие ова, сакаш ти?“. Наместо тоа, нарачала сок од брусница, кој Племонс ѝ го носел во текот на вечерта. Двајцата срдечно се поздравиле и со Вагнер Моура.

По победата на Стелан Скарсгард, Шон Пен се упатил кон масата на филмот „Sentimental Value“ и силно ја прегрнал Ренате Рајнсве, додека Меган Еверет-Скарсгард славела заедно со Ел Фанинг.

Во меѓувреме, Сет Роген својот прв триумф на вечерта го одбележал со пијалак што личел на мартини.

Аријана Гранде повела мала, гламурозна поворка кон женскиот тоалет, обраќајќи им се на Џеси Бакли и Рајнсве со зборовите: „Држете се за мене!“. Кратко застанале да ја поздрават Теса Томпсон и да позираат за фотографија, па продолжиле. Во редот за тоалет, Гранде воздивнала: „Уф, стигнавме“, обидувајќи се да ја подигне својата волуменозна тоалета, но некој набрзо згазнал на фустанот и почнал да се извинува.

Тимоти Шаламе – Фото: Hyperstar / Alamy / Profimedia

Подоцна во текот на вечерта, Џенифер Лоренс пристигнала во просторијата со шанкот, каде најпрво го прегрнала Џереми Ален Вајт, а потоа ја пронашла Ема Стоун. Таа ја оставила чашата бело вино и ѝ го обвила лицето со двете раце. Кога фотограф побарал заедничка фотографија, најпрво си ги средиле фризурите, а потоа решиле да направат и сопствено селфи.

Патрик Шварценегер долго ја разгледувал масата со десерти, но на крајот се откажал и заминал  директно кон сушито. Немало протеински шејкови за ѕвездата на „White Lotus“.

Во главната сала, рекламните паузи биле вистинска трка за дружење. Секаде се воделе интересни разговори: Двејн Џонсон и Стивен Спилберг, Маколи Калкин и Паркер Поузи, Маја Рудолф и Селена Гомез, Џонсон и Тимоти Шаламе, како и Оскар Ајзак и Итан Хок – само дел од комбинациите.

Некои, пак, останале на своите места до крајот на вечерта. Џулија Робертс, Џорџ Клуни и Адам Сендлер изгледале сосема задоволни со својата исклучително ѕвездена маса.

Што има во торбата со подароци за „Златен глобус“, вредна милион долари? Погледнете ја листата на сите 35 предмети

Овен Купер, младата ѕвезда на серијата „Адолесценција“ влезе во историјата на Златните глобуси

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот