Овен Купер / Фото: EPA/CHRIS TORRES

Овен Купер, младата ѕвезда на серијата „Адолесценција“ влезе во историјата на Златните глобуси

Овен Купер, 16-годишната ѕвезда на серијата „Адолесценција“ (Adolescence), стана најмладиот добитник на Златен глобус за најдобар спореден актер за улогата на Џејми Милер во популарниот хит на Нетфликс. Како што пишува „Дејли мејл“, Купер испиша историја со оваа награда во оваа категорија.

Купер е, исто така, втор најмлад актер кој некогаш освоил Златен глобус – во 1980 година, Рики Шродер ја доби наградата за „нова ѕвезда на годината“ на само девет години.

Младиот актер ја доби улогата на Милер кога имаше само 14 години, а неколку месеци пред тоа беше награден и со Еми за најдобар спореден актер.

Покрај Купер, награда доби и неговиот колега и еден од создавачите на серијата, Стивен Греам, за улогата на најдобар актер во ограничена серија. Наградата му ја додели Леонардо Дикаприо, а на сцената, Греам и Купер размениле топла прегратка.

Во својот говор, Греам се заблагодари на сопругата Ана Волтерс, која исто така работеше на серијата како актерка и извршна продуцентка.

„Веќе кажав, но ми го спаси животот“, рекол тој, а потоа им се обратил и на своите деца: „Ве сакам до Месечината и назад засекогаш“.

Награда доби и Ерин Доерти, која во својот говор порача:

„Не сакам да претпоставувам, но мислам дека сите знаеме – одете на терапија. Животот може да биде тежок, менталното здравје е сè, затоа заблагодарете им се на своите терапевти. Чест ми беше да го толкувам тоа. Благодарам на сите“.

Серијата, исто така, ја освои наградата за најдобра мини-серија, антологиска серија или телевизиски филм.

Што има во торбата со подароци за „Златен глобус“, вредна милион долари? Погледнете ја листата на сите 35 предмети

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот