Што има во торбата со подароци за „Златен глобус“, вредна милион долари? Погледнете ја листата на сите 35 предмети
Доделувањето на наградите „Златен глобус“, закажано за 11 јануари следната година, сѐ повеќе се доближува, а ѕвездите од номинираните филмски хитови од 2025 година со нетрпение очекуваат кој ќе ја однесе дома престижната златна статуетка.
Препорачано
Но, освен можноста за награда, добитниците и презентерите, чии имиња сѐ уште не се откриени, освен водителката Ники Глејзер, ги очекува и спектакуларна торба со подароци чија вредност се проценува на речиси милион долари, пишуваат американските медиуми.
Дека станува збор за навистина екстравагантни подароци, сведочи и содржината на минатогодишната торба која ја доби и водителката Глејзер. Меѓу подароците се најдоа приватен лет и престој во Финска, шише текила „Комос XO“ вредно 2.000 долари, како и нехируршки фејслифтинг со матични клетки.
Торбиата со подароци за 2026 година изгледа подеднакво примамливо, а сите учесници ќе добијат, меѓу другото, петдневен луксузен наем на јахта за пловење низ Коралниот триаголник во Индонезија, вреден неверојатни 60.000 долари.
Во продолжение е целосниот список на сите подароци (со напомена колкумина од учесниците на доделувањето можат да го искористат тој подарок).
Патувања
– „Каса Белмар бај дестинејшн ин Парадајс“ – тридневен престој во вила на плажа во Сан Хозе дел Кабо, Мексико (вредност 25.000 долари, достапно за пет лица).
– „Целестија Финси“ – петдневен луксузен наем на јахта низ Коралниот триаголник во Индонезија (вредност 60.000 долари, достапно за сите учесници).
– „Конрад кох Самуи“ – три ноќевања во кралска вила во Тајландскиот залив (вредност 15.370 долари, достапно за три лица).
– „Конрад Малдиви рангали ајленд“ – престој од две ноќи во првата подводна резиденција на светот, по што следуваат две ноќи во павиљонот „Рангали оушн“ (вредност 70.000 долари, достапно за пет лица).
– „Конрад Сингапур орчард“ – четиридневен престој во премиум апартман во Сингапур (вредност 12.000 долари, достапно за три лица).
– „Флокхил, РОКИ и Минарет“ – престој од шест ноќи во три луксузни сместувања на Нов Зеланд (вредност 31.307 долари, достапно за едно лице).
– „Фоли ентртејнмент груп“ – четириноќен престој на Нов Зеланд со приватна вечера со винар (вредност 14.450 долари, достапно за 20 лица).
– „Хилтон Малдивс амингири ресорт енд спа“ – тридневен престој на Малдивите во „The Residence“, вила со шест спални соби (вредност 80.000 долари, достапно за пет лица).
– „Мандапа, Риц-Картлон рисрв“ – тридневен престој на Бали во Индонезија (вредност 5.800 долари, достапно за три лица).
– „Натурхотел форстофгат“ – тридневен престој во Леоганг во Австрија (вредност 11.500 долари, достапно за пет лица).
– „Роб Репорт“- пробно возење на најпосакуваните возила во 2027 година во во Бока Ратон, Флорида (вредност 31.400 долари, достапно за едно лице).
„Роб Репорт“ – две влезници за настанот „Автомобил на годината“ (вредност 31.400 долари, достапно за едно лице).
„Раунд Хил хотел енд вилас“ – тридневен престој во вилаво Монтего Беј, Јамајка (вредност 30.000 долари, достапно за едно лице).
„Рисрв ат Грејс беј“ – тридневен престој во вила на плажа на островите Туркс и Кајкос (вредност 50.000 долари, достапно за шест лица).
„Умана Бали“ – четиридневен престој во вила со панорамски поглед на океанот на Бали во Индонезија (вредност 21.000 долари, достапно за три лица).
„Валдорф Асториа Бангкок“ – четиридневен престој во кралски апартман во Бангкок (вредност 20.500 долари, достапно за три лица).
„Валдорф Асториа Малдиви“ – тридневен престој во вила на Малдивите (вредност 26.000 долари, достапно за шест лица).
– „XO“ – пристап зад сцената на трката „W.E.C. 2026“ и поттик од пет проценти за лет со приватен авион, проценет на до 10.000 долари (вкупна вредност 14.000 долари, достапно за пет лица).
Луксузна нега и велнес
– „Биу Домејн“ – рутина за нега на кожата на Бред Пит која ги вклучува „The Serum“ и „The Cream“ (вредност 273 долари, достапно за сите).
– „Селкозмет“ – сет за нега на кожата со активен тоник и колаген (вредност 445 долари, достапно за сите).
– „Кјурент боди скин“ – врвен ЛЕД шлем за поттикнување на растот на косата (вредност 860 долари, достапно за сите).
– „Догпаунд“ – ексклузивно искуство за наем на целиот клуб во ултра-приватната теретана (вредност 7.500 долари, достапно за пет лица).
– „Елисиум хелт“ – едногодишна претплата на додатокот за исхрана за здраво стареење, препорачан од лекари (вредност 480 долари, достапно за сите).
– „Герлеин велнес спа“ – масажа за двајца во „Валдорф Асториа Њујорк“ или „Реџент Санта Моника“ (вредност 480 долари, достапно за 25 лица).
– „Мизон Дивуру“ – годишно членство во „The Golden Circle“ и сет златен шампон и регенератор (вредност 21.000 долари, достапно за три лица).
– „Перфјумхед“ – мирис по избор од колекцијата „Extrait de Parfum“ (вредност 615 долари, достапно за сите).
– „Роб Репорт“ – две пропусници за првиот велнес престој на „Роб Репорт“ (вредност 20.000 долари, достапно за две лица).
– „Соти“ – Крем „Sothys x Bernardaud Porcelaine 128“ (вредност 640 долари, достапно за сите).
– „Тронк“ – спа кутија со млеко за тело, пилинг серум, путер за зацврстување и јонска сува четка (вредност 465 долари, достапно за сите).
Врвни вина и жестоки пијалаци
– „Напа вали бај Роб Репорт“ – членство „Дискавери левел“ со три шишиња (вредност 300 долари, достапно за три лица).
– „Цајгнет“ – шише „Cygnet 22 и 77“, како и пар чаши за мартини и виски од дизајнерот Ерик Лоринц (вредност 500 долари, достапно за сите).
– „Ајл оф Харис дестилери“- кутија со шест шишиња виски од буре произведено исклучиво за примателите (вредност 1.080 долари, достапно за приближно 35 лица).
– „Либер Партер“ – колекција од девет ултра-ретки шишиња француско вино од бербите 2006, 2007, 2009, 2010, 2011, 2015, 2018 и 2019 година (вредност 210.000 долари, достапно за едно лице).
– „Либер Партер“- две влезници за прославата на јубилејот на имотот „Либер Партер“ во Бордо (вредност 117.000 долари, достапно за едно лице).
– „Ликвид ајконс“ – две влезници за настанот „Голден вајнс 2026“ (вредност 30.000 долари, достапно за едно лице).


