Што се случува во телото ако ништо не јадете три дена?

Фото: Профимедиа

Што ќе се случи ако не јадете ништо три дена? За ова неодамна одлучи да зборува Макс Постернак, основач на Gravity Transformation, веб-страница фокусирана на давање совети за обука и насоки за луѓе кои сакаат да ја подобрат својата кондиција и да изгубат тежина.

Ако размислувате за повремено, периодично постење или едноставно сакате да се воздржите од јадење неколку дена, дознајте што ќе се случи ако не јадете ништо три дена.

Постернак објаснува чекор по чекор што се случува со храната што сте ја внеле.

По шест до 10 часа пост, поголемиот дел од преостанатата гликоза којашто сè уште циркулира во вашиот крвоток ќе биде искористена за гориво.

Ако сте навикнати да јадете три оброци дневно или редовно да консумирате храна богата со јаглехидрати, ќе почувствувате глад и ќе имате ниско ниво на енергија. Оваа „болка“ од глад ќе се намали по два часа и вашето тело природно ќе се прилагоди на овие нови информации.

Помеѓу 12 и 16 часа пост, вашето тело ќе продолжи да ги троши своите залихи на гликоген, истовремено зголемувајќи ги своето потпирање на кетонските тела. Можеби сега ќе почувствувате студ, ќе ви биде ладно, бидејќи вашето тело не ја вари храната. Ќе го подобрите варењето, холестеролот и ќе ги намалите воспаленијата.

По 16-18 часа пост, вашето тело ќе започне автофагија, процес на саморециклирање каде што ќе се ослободи од сите отпадоци „ѓубре“ што ќе ги пронајде, без разлика дали станува збор за оштетени протеини, бактерии или нефункционални клетки.

По 24 и 32 часа гладување, вашето тело ќе остане без гликоген и целосно ќе се потпира на сопствените резерви, залихи на маснотии за енергија.

На вашиот мозок сè уште му е потребна гликоза за да функционира, па вашето тело пронаоѓа начини да го оствари тоа, обично со одвојување на триглицеридите од резервите на маснотии во глицерол и слободни масни киселини кои ќе ви помогнат се уште да не го разградувате мускулното ткиво.

Ќе изградите мускули побрзо, а вашето тело ќе добие поголем дел од енергијата и гликозата што му се потребни за да ги задржи вашите мускули од телесните масти и ќе го зајакнете човечкиот хормон за раст во текот на тој процес.

По 32 часа ќе забележите значително губење на тежината, меѓутоа, ова е главно дел од губењето на вода поради трошењето на јаглехидрати, како и губењето на масти. Кога ќе дојдете до три дена гладување, продолжува процесот на зајакнување на имунитетот, автофагија и намалување на воспаленијата. Но, недостатоците почнуваат да ги надминуваат предностите.

Постот 72 часа е тежок за повеќето луѓе без никаква медицинска помош. Телото, исто така, ќе почне да го разградува мускулното ткиво и може да почне да води до недостаток на витамини и минерали и дигестивни проблеми (со варењето), што се случува по третиот ден, пишува boxrox.com.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот