Шоу на Кирјос, прво одби да игра, а потоа го споменуваше Надал

Ник Кирјос/фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Австралискиот тенисер Ник Кирјос им приреди шоу а навивачите за време на мечот во Хале кога се расправаше со судијата, со супервизорот на турнирот и на крајот го прозва и Рафаел Надал.

Кирјос во рамките на второто коло од турнирот во Хале, играше против Циципас, а откако го загуби првиот сет со 7:5 го искрши рекетот. Во вториот сет, Кирјос заигра подобро и веднаш направи брејк за водство од 2:0. Во наредниот гем, на сервис на Циципас, Кирјос при 0:30 тргна по својата крпа , но доби опомена од судијата поради пречекорување на дозволеното време. Тоа го налути Кирјос кој му одговори на судијата.

– Не ме интересира, јас секогаш чекам. Кога играм против Рафа, секогаш го чекам – прокоментира Кирјос.

 

 

Австралиецот потоа одби да го продолжи мечот и побара да дојде супервизорот на турнирот.

– Морам физички да одам до крпата. Секогаш кога јас сервирам, противникот не добил опомена за пречекорување на времетот. Дали мислиш дека тоа е разумна опомена – му рече Кирјос на супервизорот.

По неколкуминутен разговорот со супервизорот, Кирјор се смири и го продолжи мечот против Циципас и на крајот славеше во три сета и тоа со 5:7,6:2,6:4.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот