Шмид: Ќе ја победиме Македонија ако ја повториме играта од дуелот со Данска

epa09165774 Switzerland's Andy Schmid (C) fights for the ball against Denmark's Lasse Bredekjaer Andersson (L) and Magnus Saugstrup Jensen (R) during the Men's EHF Euro 2022 qualifying handball match between Switzerland and Denmark in Winterthur, Switzerland, 28, April 2021. EPA-EFE/ENNIO LEANZA

Утрешниот натпревар во квалификациите за ЕП 2022 година помеѓу Македонија и Швајцарија ќе биде клучен за гостите во обезбедување на пласман на континенталниот собир. Македонската репрезентација веќе за завери европската виза, додека на Швајцарија во игра и е само победа на утрешниот натпревар кој ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ (18 часот) доколку сака да игра на ЕП. Најдобриот ракометар на Швајцарците Енди Шмид верува дека тоа што го пропуштија против Данска (29:30) ќе го надополнат на утрешната средба.

– Штета бидејќи на натпреварот со Данска ја загубивме главата кога беше најважно, правевме почетнички грешки и затоа загубивме. Секој играше сам за себе во последните минути, сакаше да го реши мечот, а може да се победи само ако се игра колективен ракомет. Сепак, бевме одлични во поголем дел од натпреварот. Ако одиграме како против Данска, сигурно ќе ја победиме Македонија, иако ни е јасно дека тоа нема да биде нималку лесно – рече Шмид.

Лазаров: Без Манасков против Швајцарија, мора да се подобри реализацијата

Миркуловски: Доколку ги спречиме Шмид и Рубин, ќе се радуваме во недела!

Митревски: Ќе треба многу ангажираност и концентрација на мечот со Швајцарија!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот